Путин предупреди за нова трка на вооружување во азиско-пацифичкиот регион

пред 3 години

Со укинувањето на Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел, азиско-пацифичкиот регион се соочува со изгледи за нова рунда на трката во вооружување, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

„ Постојано споменувавме дека со раскинувањето на Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел, регионот се соочува со можност за овие удари во неговата огромна област, а со тоа и со изгледите за нова рунда трка во вооружување“, рече рускиот претседател на самитот во Источна Азија.

Русија, како што е познато, согледувајќи ја опасноста од таквиот развој на настаните, прогласи едностран мораториум на распоредувањето на ракети со среден и краток дострел во азиско-пацифичкиот регион и другите региони во светот и повика на сериозни разговори за тоа прашање со сите заинтересирани земји, потсети Путин.

„Тој руски предлог останува на сила, а неговата релевантност дури и расте“, посочи тој. Договорот за ликвидација на ракети со среден и краток дострел истече на 2 август 2019 година.

Рускиот лидер претходно изјави дека Москва е подготвена да не распоредува ракети 9M729 во европскиот дел на земјата, туку со реципрочни чекори на НАТО.

Тој и предложи на Алијансата да се тестираат системите „Егис Ашор“ со фрлачи Мк-41 во базите во Европа и 9М729 во објектите во Калининград.

Share
Scroll to Top