Путин: Русите и Украинците се еден ист народ, ние се бориме против неонацистите

пред 2 години

Додека се водат преговорите меѓу руската и украинската страна, претседателот на Русија, Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

Тој рече дека Украинците и Русите се еден народ.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот исток. Тие користат цивили и странци како жив штит. Заробија студенти на железничката станица во Суми, кинески студенти кои сакаа да го напуштат градот“, рече Путин, додавајќи дека за време на операцијата во Украина, руските војници дејствувале храбро, како вистински херои.

Путин најави поддршка за семејствата на загинатите и ранетите за време на специјална операција во Украина.

Share
Scroll to Top