Путин: Русија е подготвена за производство на вакцината и во други земји

пред 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија е подготвена да започне со производство на својата вакцина против коронавирус на производствените линии на странски компании во нивните земји.

По средбата со руските индустриски синдикати, Путин истакна дека тоа е многу важно, но исто така дека Русија има и опција само да ја продава вакцината, пренесува „Тасс“.

„Ако нашите партнери овозможат услови за производство во нивните земји ние лесно ќе воспоставиме производство на нашата вакцина“, рече рускиот претседател.

Сепак, посочи тој, прво мора да се обезбеди потребната количина на лекови за рускиот пазар.

„Вакцинацијата во Русија е цел број еден. Најважната задача е да се обезбедат можности за производство на поголем број вакцини“, рече Путин.

Share
Scroll to Top