Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние кои ги применувале, бидејќи како што вели, развиените економии со децении не забележале толку високо ниво на инфлација.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Колку и да се стабилни економиите на земјите кои водат вакви кусогледи политики, моменталната состојба на светската економија покажува дека нашата позиција е правилна и оправдана, дури и кога се набљудуваат макроекономските показатели. Тие развиени земји немаат толкава инфлација 40 години, невработеноста расте, синџирите на снабдување се прекинуваат, глобалните кризи се интензивираат“ рече Путин во своето обраќање на Евроазискиот економски форум.

Зголемувањето на цените во чувствителните области како што е храната, рече Путин, не е шега, туку сериозни работи кои влијаат на целиот систем на економски и политички односи.

Коментирајќи го замрзнувањето на стотици милијарди долари вредниот руски имот во странство, Путин предупреди дека таквата „кражба“ не може да доведе до ништо добро на долг рок.

„ Прекршувањето на правилата и нормите во областа на меѓународните финансии и трговијата не може да доведе до ништо позитивно. Едноставно кажано, само ќе им создаде проблеми на оние кои се однесуваат вака. Кражбата на туѓ имот никогаш никому не донела ништо добро, особено не на оние кои се занимаваат со вакви незаконски активности“ додаде рускиот претседател.

По повод масовното заминување на странски компании од Русија поради нејзината специјална воена операција во Украина, рускиот претседател изјави дека нивното заминување може да биде добра работа за домашните производители кои ќе го заземат нивното место и пазарен удел.

Share
Scroll to Top