Путин се сретна со Виткоф

Путин се сретна со Виткоф

пред 2 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин денес го прими специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф.

Средбата се одржува во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател, пренесува ТАСС.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, каде што го пречека генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFDIF), Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот Зарјадје во Москва.

Двајцата функционери поминаа околу час и половина во ресторанот, по што прошетаа во паркот, ја посетија платформата за набљудување и ја разгледаа панорамата на Москва, пренесува Риа Новости.

Според извештајот, тие разговарале во „пријателска атмосфера“, со присуство на обезбедување.
Виткоф не одговори на прашањата на новинарите за претстојните преговори, ниту за планираните средби.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, потврди дека Виткоф ќе ја посети Русија, но не коментираше конкретни детали од посетата.

Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.

Последните две посети беа на 11 и 25 април, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: принтскрин

Текстот Путин се сретна со Виткоф е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top