Путин: Ситуацијата во светот е тешка и напната

Путин: Ситуацијата во светот е тешка и напната

пред 6 месеци

Претседателот на Русија, Владимир Путин, оцени дека ситуацијата во светот е тешка и напната и укажа на влошување на старите и отворање нови конфликти во голем број региони.

Путин, обраќајќи им се на учесниците на 11. состанок на секретарите на Советот за безбедност на Заедницата на независните држави (ЗНД), кој почна денеска во Москва, рече дека тоа може да се види особено на Блискиот Исток, каде што, како што наведе, предизвикана е нова рунда палестинско-израелски конфликт, конфронтации во кои страдаат, пред сè, цивили.

Според Путин, некои земји се обидуваат да ги поткопаат легитимните власти во земјите на ЗНД и врските меѓу нив, што бара координиран колективен одговор, пренесува „Интерфакс“.

„Активностите на некои земји се директно насочени кон поткопување на легитимните власти, социјалната стабилност и традиционалните вредности во земјите на ЗНД, нарушување на нашите традиционални блиски трговски и културни врски“, рече рускиот претседател.

Тој додаде дека земјите од ЗНД и понатаму се соочуваат со заеднички закани, како што се тероризмот, организираниот криминал, трговијата со дрога, илегалната миграција, радикализмот и екстремизмот, како и ризиците во областа на економската, информациската, технолошката и биолошката безбедност.

„Сето ова бара не само координиран колективен одговор, туку и голема превентивна работа“, нагласи Путин.

Текстот Путин: Ситуацијата во светот е тешка и напната е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top