Путин: Украинските цивили го славеа доаѓањето на руската армија

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали единството на земјата за време на, како што рече, специјалната операција во Украина, додека денеска одржа јавен говор пред стадионот „Лужники“ во Москва.

„Земјата нема видено такво единство долго време“, рече Путин, обраќајќи им се на собраните.

Кога Путин го завршуваше својот говор, тој ненадејно беше прекинат, а државната телевизија емитуваше патриотски песни кои претходно во текот на денот ги изведе популарниот руски музичар Олег Газманов. Набргу потоа од почеток беше реемитуван говорот на Путин кој траеше околу 5 минути, а рускиот лидер го заврши говорот и ја напушти сцената.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите веднаш по настанот изјави дека прекинот е поради „техничка неисправност“. Еден од посетителите на изјави за Ројтерс дека Путин ја напуштил сцената по неговиот говор.

Настанот официјално ја одбележа 8-годишнината од руската анексија на Крим, но многу од говорите се фокусираа на моменталната инвазија на Украина. Московската полиција соопшти дека повеќе од 200.000 луѓе биле на стадионот Лужники,, а многумина биле видени како вејат знамиња украсени со симболот „З“. Симболот „З“ стана главен симбол на јавна поддршка за руската инвазија на Украина.

За време на својот говор, Путин се обиде да ги оправда постапките на неговата земја повторувајќи ги тврдењата дека Украина врши геноцид во регионот на Донбас.

„Ова беше навистина геноцид. Сопирањето на тоа беше целта на специјалната операција“, рече Путин, додавајќи дека украинските цивили го слават доаѓањето на руските војници.

Денеска руските војници продолжија да го гранатираат Киев, а гранатирани беа и предградијата на Лавов.

Share
Scroll to Top