Путин утре патува надвор од Русија, ќе биде отсутен само 24 часа

Путин утре патува надвор од Русија, ќе биде отсутен само 24 часа

пред 6 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави  неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.

Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција „Интерфакс“.

Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но секако ќе се разговара и за натамошната координација на пазарот на нафта, додаде Песков.

Текстот Путин утре патува надвор од Русија, ќе биде отсутен само 24 часа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top