Путин: Четвртата руска вакцина доаѓа наскоро

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека наскоро во Русија ќе биде пуштена во промет четвртата вакцина против коронавирус.

Путин рече дека имунизацијата на населението се забрзува и дека Русија е заинтересирана за соработка со странски партнери во борбата против пандемијата, пренесува РИА новости.

Досега во Русија се регистрирани три вакцини против Ковид-19 – „спутник В“, „епивакорона“ и „ковивак“.

Share
Scroll to Top