Путин ја пофали соработката со Казахстан, Ердоган и иранскиот претседател го повикаа Западот

Путин ја пофали соработката со Казахстан, Ердоган и иранскиот претседател го повикаа Западот

пред 6 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Казахстан ги пофали билатералните односи со таа земја, која ја оцени како негов „најблизок сојузник“, а за која се се’ позаинтересирани големите сили кои сакаат да го поткопаат традиционалното влијание на Москва во Централна Азија.

Во соседен Узбекистан на економскиот самит турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заедно со иранскиот претседател Ебрахим Раиси упатија нови критики до Западот поради ситуацијата во Газа.

Во Астана, главниот град на Казахстан, Владимир Путин и неговиот колега Касим Зомарт Токаев изразија задоволство од односите меѓу двете земји во сите области, иако казахстанскиот претседател ги негува односите со Западот, Кина и Турција.

„Ние не сме само сојузници, туку и најблиски сојузници“, рече Путин, кој е редовно присутен во Централна Азија по инвазијата на Украина, а Токаев го пофали „непоколебливото пријателство“ меѓу Русија и Казахстан.

Посетата на Путин се случува една недела по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Казахстан, при што беа потпишани важни договори во областа на енергетиката. Казахстан ќе ја снабдува Кина и со ураниум.

Ердоган: Западот е лицемерен, го гледа масакрот во Газа

Во Ташкент, главниот град на Узбекистан, лидерите на девет земји се собраа на самитот на Организацијата за економска соработка, каде турскиот претседател Ердоган го обвини Западот за „лицемерие“ во однос на ситуацијата во Појасот Газа.

„Западните земји, кои постојано зборуваат за човекови права, слободи и демократија, оддалеку го набљудуваат целиот масакр извршен од Израел“, рече тој, уверувајќи дека забележал „многубројни примери на лицемерие“.

Со сличен тон, иранскиот претседател Ебрахим Раиси го обвини Западот дека е одговорен за ситуацијата во Газа, по едномесечната војна меѓу Израел и Хамас.

„Исламската Република Иран верува дека целосната поддршка на Западот, особено на американската влада, за ционистичката инвазија на Газа е причина што ова злосторство продолжува“, рече Раиси, кој разговараше за ова прашање во Таџикистан во средата со својот колега Емомали Рахмон.

Освен за Газа, на самитот се разговараше и за соработка во областа на хуманитарната помош и транспортот, бидејќи тие земји се обидуваат да добијат излез до морето, пред се преку Пакистан, кој на средбата го претставуваше премиерот.

„Светската политичка архитектура се менува пред нашите очи“, рече узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев, кој исто така повика на зајакнување на трговијата меѓу земјите од Организацијата за економска соработка.

Русија сè уште е незаменлив партнер на Централна Азија и се обидува да го потврди своето присуство, пред се во областа на енергетиката, откако европскиот пазар беше затворен поради санкциите на Западот поврзани со инвазијата на Украина.

Москва на тој начин започна големи енергетски проекти, како што е испораката на гас за Узбекистан преку Казахстан и се позиционира во проектите на нуклеарни централи и хидроцентрали во неколку земји во регионот, со цел да им конкурира на Европа и Кина.

Текстот Путин ја пофали соработката со Казахстан, Ердоган и иранскиот претседател го повикаа Западот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top