Лидерот на самопрогласената Донецка народна република, Денис Пушилин, изјави дека судот ќе одлучува за судбината на украинските војници кои се предадоа во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, пренесоа локални руски медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека вкупно 959 украински војници, вклучувајќи 80 ранети, се предале од бункерите и тунелите под фабриката за челик „Азовстал“.
Русија и Украина споменуваат договор според кој војниците можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни. Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на заробеници и, доколку е така, под кои услови?
Кремљ соопшти дека заробениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.