Работниците кои ја преминуваат границата на Словенија од утре мора да покажат негативен тест

пред 4 години

Според одлуката на словенечката влада, работниците кои влегуваат во Словенија од утре ќе треба да покажат негативен тест за коронавирус на границата, не постар од седум дена.

Во Словенија продолжува масовната вакцинација на педагошкиот персонал во училиштата и градинките, главно со вакцината од „Астразенека“, и покрај силните реакции за негативните влијанија кај вработените во едно основно училиште минатата недела.

Здравствените власти велат дека оваа вакцина, како и другите, е безбедна и ефикасна, но и покрај тоа, медиумите известуваат дека во последните денови имало многу случаи на откажување на веќе договорените датуми за вакцинација од „Астразенека“.

Share
Scroll to Top