Радев: Вклучување на македонските Бугари во Уставот пред почетокот на преговорите

пред 2 години

Бугарскиот претседател Румен Радев побара јасни и недвосмислени гаранции од македонските власти за почитување на правата на Бугарите во Мaкедонија и искоренување на говорот на омраза кон нив, објави БГНЕС.

Радев побара вклучување на Бугарите во македонскиот Устав пред почетокот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Ова го рекол на средбата со претставниците на бугарските организации и здруженија во Македонија.

„ Заедно со сите активности за продлабочување на врската, мора да постои јасен календарски распоред за решавање на отворените проблеми. Инсистирам на јасни гаранции. Вклучувањето на македонските Бугари во уставот го сметам за задолжителен услов за почеток на преговорите. Пред да ја отвориме вратата, треба да има јасен и одржлив процес на искоренување на говорот на омраза. Овој јазик мора да заврши“, изјави Радев.

„ Ова не е мешање во работите на РСМ. Ова е израз на нашата загриженост и поддршка за патот на PCM да се заснова на европски принципи и норми. Не поддржувам никакви идеи за малцинствата и сепаратистичките струи. Цениме дека сте полноправни граѓани на РСМ“ им порачал Радев на претставниците на бугарските организации во Македонија.

Share
Scroll to Top