Радмановиќ: Нон-пејперот можеби потекнува од „албанската кујна“

пред 4 години

Заменик претседателот на Претставничкиот дом на парламентарното собрание на БиХ, Небојша Радмановиќ смета дека приказната за нон-пејперот што предвидува промена на границите на Западен Балкан е на штета на Србија и фактот дека сака да се создаде „голема Албанија “ е скриена, смета тој.

„Не е исклучено овој документ да доаѓа од албанската кујна“, рече Радмановиќ, пренесува порталот РТРС.

Тој посочи дека албанскиот премиер Еди Рама е единствениот кој признал дека го видел документот.

„Значи, станува збор за премиерот на Албанија, Еди Рама, кој има изборите на 25 април, чија програма е голема Албанија. Нема спор дека е создаден нон-пејпер во албанската кујна со поддршка на некои разузнавачки структури “, рече Радмановиќ пренесуваат медиумите во регионот.

Владата на Словенија денеска соопшти дека никогаш не го разгледала т.н нон-пејпер за решавање на отворените прашања на Западен Балкан, во кој се споменува можноста за распаѓање на Босна и Херцеговина.

„Актуелната влада на Република Словенија никогаш не го разгледала и зела предвид т.н. нон-пејпер, кој беше спомнат во вашите извештаи изминативе денови“, стои во соопштението од владината прес-служба во Љубљана, по повод шпекулациите и извештаите за т.н документ, пишуваат медиумите.

Се додава дека Владата на Словенија и кое било од нејзините тела, исто така, не работеле во кој било контекст на поделбата на Босна и Херцеговина, како што е споменато во наводниот документ.

„Ниту Министерството за надворешни работи, ниту кое било друго министерство од сегашната Влада на Република Словенија не беше вклучено во какви било активности од таков вид“, се вели во соопштението.

Словенија, заедно со другите актери во регионот, во Европската унија и пошироко, вложува максимални напори да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во евро-атлантските интеграции и со тоа е убедена дека ниту еден чекор во таа насока не треба да го загрозува мирот и соживотот во БиХ и регионот на Западен Балкан како целина, известуваат во своите натписи медиумите во регионот.

Share
Scroll to Top