Разбиена разбојничка група во Италија, краделе низ цела Европа

пред 3 години

Италијанската полиција разби група разбојници кои дејствувале во Европа и се обиделе да украдат злато од златарницата на плоштадот Свети Марко во Венеција во 2017 година.

Осомничените се уапсени во Австрија, Естонија и Финска и тие припаѓаат на естонска банда специјализирана за грабеж на луксузни европски продавници за накит, се наведува во соопштението на италијанската полиција.

Во март 2017 година, двајца членови на таа група активирале две димни бомби за да организираат напад на златарницата на плоштадот Свети Марко, додека другите двајца се обиделе да ја ограбат.

Благодарение на интервенцијата на турист кој бил предупреден од продавачка и кој повикал полиција, разбојниците биле принудени да бегаат.

Денешното соопштение за разбивањето на групата следеше по долгогодишна истрага во координација со Европол.

Според полицијата, таа група извршила две кражби во Бастија на Корзика во 2016 и 2017 година, во Инсбрук, Австрија во 2017 година, со вкупен плен проценет на еден милион евра. Меѓу уапсените е и осомничениот шеф на групата кој беше пронајден во Финска. Тој веќе е осуден за повеќе кражби и едно убиство, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top