Разговорот меѓу Макрон и Путин е закажан за вечерва

пред 3 години

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон ќе разговараат вечерва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин утринава веќе разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц. Претседателот има и телефонски разговор закажан за вечерва. Бидејќи француската страна веќе најави, ќе ви кажам дека тоа ќе биде разговор со Емануел Макрон. Ќе се одржи вечерва“, рече Песков.

Песков рече дека Путин во текот на денот ќе има средби кои не се од јавен карактер, пренесува ТАС С.

За време на телефонскиот разговор, Путин му рекол на Шолц дека Киев се обидува да ги одложи мировните преговори со Русија, но дека Москва сепак сака да ги продолжи.

Шолц повика на прекин на огнот во Украина и ја истакна потребата да се постигне напредок што е можно поскоро во изнаоѓање дипломатско решение.

Share
Scroll to Top