Рама: Албанија не може да чека, ќе побара самостојно да ги почне преговорите со ЕУ

пред 3 години

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека земјата ќе побара почеток на преговорите за членство во Европската унија одвоено од Северна Македонија, која, како што рече, и натаму се соочува со бугарско вето.

„Албанија повеќе не може да очекува двата соседа да го решат спорот“, рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете земји, пренесува „Ројтерс“.

И Албанија и Македонија ги имаат исполнето неопходните критериуми за започнување на пристапните преговори со ЕУ.

Share
Scroll to Top