Расим Љајиќ повреден во тешка сообраќајна несреќа

пред 3 години

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на Србија, Расим Љајиќ, доживеал тешка сообраќајна несреќа, пренесуваат регионалните медиуми.

Според првичните информации, несреќата се случила рано утринава кај Ражањ.

Во несреќата загинал директорот на „ЈП Емисиона техника“ кој управувал со возилото.

Љајиќ е префрлен во нишкиот клинички центар, а од оваа установа според изјави за тамошните медиуми, надлежните кажале дека тој моментално е на интензивна нега.

„Моментално е на реанимација, се прави дијагностика, се прави скенер за глава, гради и стомак“, велат оттаму.

Директорот на Ургентниот центар во Ниш, Драган Димиќ за медиумите изјавил дека Расим Љајиќ е примен во Ургентниот центар и дека во тек е опсервација на неговата состојба.

„Ќе направиме томографија на целото тело за да видиме дали има сериозни повреди. На прв поглед нема индикации дека ќе има потреба од операција“, кажал Димиќ, а пренесуваат српските медиуми.

Share
Scroll to Top