Рации во домовите на членовите на ултрадесничарска група во Германија

пред 4 години

Германската полиција спроведе рации во три сојузни држави откако владата ја забрани ултрадесничарската група „Волфбригада 44“, изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

Полицијата изврши претрес во домовите на 13 членови на ултрадесничарската група „Волфбригада 44“, во сојузните држави Хесен, Мекленбург-Западна Померанија и Северна Рајна-Вестфалија, пренесува АП.

Во акцијата се запленети средства и пропаганден материјал на групата. Портпаролот на МВР изјави дека секој што се бори против основните вредности на германското слободно општество ќе се соочи со одлучни реакции од владата.

Ултрадесничарската група, основана во 2016 година, се залага за повторно воспоставување на нацистичката диктатура. Познато е дека групата поседува оружје и дека нејзините членови учествувале во ултрадесничарски протести.

На почетокот на оваа година, владата забрани неколку други ултрадесничарски групи.

 

Share
Scroll to Top