Рации и апсења во Мадрид:  истрага за перење пари за владата на Венецуела

Рации и апсења во Мадрид: истрага за перење пари за владата на Венецуела

пред 1 година

Шпанската полиција уапси две лица и упадна во неколку куќи во Мадрид како дел од истрагата за перење пари за владата на Венецуела, соопшти денеска шпанскиот Врховен суд.

Операцијата е изведена на барање на судијата Хозе Роберто Ринкон, кој ја водеше истрагата со португалските и американските власти, соопшти судот.

Судот додаде дека истражува осомничени поврзани со владата на Венецуела, кои наводно переле пари, давале мито и формирале криминални здруженија, објави Ројтерс.

Полицијата посети четири локации, вклучително и домови во предградијата на Мадрид.

Истрагата е насочена против семејството на венецуелскиот тајкун, објави весникот „Конфидентал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Текстот Рации и апсења во Мадрид: истрага за перење пари за владата на Венецуела е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top