„Реинметал“ ќе и испорача 50 тенкови во Украина – се чека на „зелено светло“ од Германија

пред 2 години

Германскиот добавувач на воена опрема „Реинметал“ се подготвува да испорача до 50 користени борбени тенкови Леопард 1 во Украина.

Реинметал би можел да ги испорача првите тенкови за шест недели, а останатите во следните три месеци преку својата подружница Реинметал Италија доколку добие „зелено светло“ од германската влада, изјави главниот извршен директор на компанијата Армин Пејпергер, пренесува Ројтерс.

Борбениот тенк Леопард 1 на Рајнметал е претходник на моделот Леопард 2 кој моментално се користи во германските вооружени сили. Армиите кои го користат моделот Леопард 1 му го вратија на Реинметал за да го заменат со нови возила со посовремена опрема.

Германската компанија веќе ја испитува состојбата на тие тенкови, рече Пејпергер, додавајќи дека украинските војници би можеле да бидат обучени да користат Леопард 1 во рок од неколку дена, доколку бидат обучени од воен персонал.

Share
Scroll to Top