Рекордни броеви во Австрија, повеќе од 9.000 новозаразени за еден ден

пред 3 години

Дневниот број на лица заразени со коронавирус во Австрија за прв пат надмина 9.000, пишуваат австриските медиуми, додека владата е под зголемен притисок да воведе построги мерки против ширењето на инфекцијата.

Во изминатите 24 часа потврдени се 9.105 нови случаи, објавија „Кронен цајтунг“ и „Остерајх“ пред објавувањето на официјалните податоци.

Поранешниот дневен рекорд од 8.241 нови случаи беше потврден во саботата. Во екот на првиот бран на коронавирус во март, имаше 1.050 заразени во еден ден.

Во Австрија, според универзитетот „Џонс Хопкинс“, има вкупно 172.380 заразени и 1.564 починати.

Share
Scroll to Top