Рекордни 104.000 новозаразени во Франција – се воведуваат нови мерки за празниците

пред 3 години

Во Франција денеска се регистрирани рекордни 104.611 нови случаи на коронавирус, што е првпат од почетокот на пандемијата да се регистрираат над 100.000 нови случаи во оваа земја.

Според здравствените власти, бројот на пациенти со Ковид на интензивна нега се зголемил за 28 на 3.282, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на француската влада Габриел Атал изјави претходно оваа недела дека се очекува голем бран на новиот сој на коронавирус и најави можност за дополнителни мерки против епидемијата.

Властите повикаа на ограничено движење на граѓаните за Божиќ и Нова Година, додека огнометот и новогодишниот концерт на Елисејските полиња беа откажани во Париз.

Од почетокот на пандемијата во Франција, регистрирани се повеќе од 8,9 милиони случаи на коронавирус, додека 122.462 лица починале како резултат на оваа инфекција, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers.

Share
Scroll to Top