Рекордни 2.412 новозаразени во Србија, шестмина починати

пред 4 години

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.617 лица за коронавирус, од нив 2.412 биле позитивни, додека починале 6 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 53 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ целата земја.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, предупреди дека ќе има над 2.000 заболени лица, додавајќи дека само во Белград ќе има над 1.000 новозаразени.

Share
Scroll to Top