Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 819 случаи на коронавирус од 5.898 тестирани граѓани.
Тоа е првпат бројот на новозаразени со коронавирус во Бугарија да надмине 800.
Вкупниот број на заразени во Бугарија достигна 26.593, според податоците објавени на официјалната веб-страница coronavirus.bg.
Во моментов има 9.175 активни случаи на инфекција, а стапката на позитивност е 13,88, според агенцијата БТА.
Хоспитализирани се 1.380 пациенти со коронавирус, а 67 од нив се на интензивна нега.
Пријавени се уште шест смртни случаи, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 929 лица.