Речиси 100 кита угинале по масовното насукување во Нов Зеланд

пред 4 години

Деведесет и седум океански китови со куси перки и делфини угинале во масовно насукување на оддалечените острови Чатам на Нов Зеланд, соопшти во средата Националниот оддел за заштита (ДОЦ), пренесува „Спутник“.

Масовното насукување беше пријавено во одделот во неделата.

„Само 26 од китовите се уште се живи во овој момент, повеќето од нив изгледаа многу слаби и беа евтаназирани поради суровите морски услови и сигурноста дека има големи бели ајкули во водата кои се привлечени од насукување како ова“, рече ренџерот за биодиверзитет на ДОЦ, Џема Велч.

Други два кита биле насукани во понеделникот наутро и исто така морало да бидат евтаназирани.

Масовните насукувања се вообичаени на оддалечениот архипелаг. Рекордното насукување е регистрирано во 1918 година кога угинале речиси 1.000 морски животни.

 

Share
Scroll to Top