Русите го напуштија градот пред централата во Чернобил

пред 3 години

Руските сили, наводно, го напуштиле градот што го окупирале веднаш пред нуклеарната централа во Чернобил, откако локалното население протестирало.

Градоначалникот Јуриј Фомичев изјави дека руските војници ја завршиле работата „што имале намера да ја завршат“ и дека го напуштиле градот Славутич, пренесува Ројтерс.

Потсетуваме, руските војници во саботата ја презедоа контролата врз овој град, а накратко го приведоа градоначалникот Фомичев.

Инаку, Славутиќ е дом на најмногу работници потребни за одржување на нуклеарната централа Чернобил, која сега не работи.

Share
Scroll to Top