Русите крадат жито од окупираните територии, тврди Украина

пред 2 години

Руските сили украле значително количество жито од окупираните територии на Украина, изјави заменик министерот за земјоделство, Тарас Висоцки.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Висоцки е загрижен дека Москва би можела да преземе над 1,5 милиони тони жито складирано на окупираните територии. Украина е четврти најголем извозник на житарици во светот, со продадени 44,7 милиони тони минатата сезона. Обемот на извозот нагло се намали по руската инвазија.

Во четвртокот, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека најостро ги осудува руските криминални дејствија во т.н. експропријација на посевите од земјоделците во регионот Херсон во јужна Украина. Не се познати повеќе детали за наводната кражба на жито во Херсон, каде главниот град е окупиран од руските сили.

„Ограбувањето жито од регионот Херсон, како и блокирањето на пратките од украинските пристаништа и минирањето на бродските патишта, ја загрозуваат светската безбедност на храната. Бараме Русија да престане со нелегалната кражба на жито, да ги деблокира украинските пристаништа, да ја врати слободата за навигација и да дозволи премин на трговски бродови“, додаде тој.

Од Кремљ за „Ројтерс“ изјавиле дека немаат информации на таа тема.

Share
Scroll to Top