Русите сакаат да направат проблем во регионот, вели британскиот прaтеник за Западен Балкан

пред 2 години

Специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, денеска во Будва, каде се одржува Самит за демократијата во Југоисточна Европа, изјави дека никој не може да биде мирен додека, како што рече, Русите ја окупираат Украина.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој нагласи дека многу работи се промениле по рускиот напад на Украина.

„Велика Британија стои покрај вас. Мора да бидеме похрабри, да ги живееме вредностите, да не зборуваме за нив. Никој не може да биде мирен додека Русите ја окупираат Украина“, изјави Пич, а пренесуваат црногорските медиуми.

Тој нагласи дека војната во Украина потсетува на важноста за колективна безбедност, како и владеењето на правото.

„Знаеме дека Русите сакаат да создадат проблеми во регионот. Но, Биртанија е со вас на вашето патување“, изјави Пич, а пренесе порталот РТЦГ.

Share
Scroll to Top