Руската новинска агенција Тасс тврди дека авионот што синоќа се урна во Загреб всушност требало да лета за Крим, но скршнал од својот курс.
Оттаму додаваат дека неодамна се регистрирани два случаи на употреба на дронот Ту-141, едниот паднал во Загреб, додека другиот паднал во близина на градот Красноперекопска на Крим, открил извор за Тасс. Истиот извор објаснува како овој дрон во суштина е мал млазен авион.
Според него, двата авиони биле лансирани од украинските сили на пробен лет за Крим, но еден од нив се свртел и полетал кон Хрватска.
Делови од друг Ту-141 беа откриени од страна на руските граничари во 10:35 часот по локално време, на 8,5 километри од Красноперекопск на брегот на езерото Красноје.
„ Пронајдени се фрагменти од крилото и трупот, податоци од рекордерот на летот и падобран за сопирање“, изјавил извор за Тасс.