Нападнато складиште за нафта во рускиот град Белгород, а регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков за тоа ја обвини Украина, велејќи дека големиот пожар бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери.
Гладков рече дека две лица се повредени, но дека се надвор од животна опасност. Тој додаде дека пожарникарите го гаснат пожарот додека жителите од околните улици се евакуирани.
Инаку, Белгород се наоѓа северно од границата со Украина, а ова е ново обвинување на Русите дека Украинците ги напаѓаат. Пред два дена руската страна изјави дека Украинците го нападнале нивниот магацин за оружје во тој град.
An oil depot is on fire in #Belgorod, #Russia.
“The emergency services went to the place of fire, measures are being taken to eliminate it”, said Gladkov, the governor of the region in his Telegram channel. pic.twitter.com/ey7rC5ChSz
— NEXTA (@nexta_tv) April 1, 2022