Русите ја означија „Дојче веле“ како странски агент

пред 2 години

Германската телевизиска компанија „Дојче веле“ е на списокот на руски медиумски организации означени како „странски агенти“, пренесува „Ројтерс“.

Руското Министерство за правда денеска ја додаде германската телевизија „Дојче веле“ на списокот на медиумски организации што ги означи како „странски агенти“, етикета која бара од медиумите да објават оградување на сите свои публикации.

На почетокот на март, државниот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ ја блокираше веб-страницата на „Дојче веле“. Покрај оваа медиумска куќа, Русија претходно ги блокираше и Би-Би-Си, Гласот на Америка и Радио Слободна Европа / Радио Слобода поради, како што велат, „ширење лаги за војната во Украина“.

Share
Scroll to Top