Русија воведе санкции за Бајден

пред 2 години

Русија воведе санкции против американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен и други американски претставници, се вели во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

„Како одговор на серијата санкции без преседан… од 15 март оваа година, руската ‘стоп листа’ врз основа на реципроцитет ги вклучува претседателот Џ. Бајден, државниот секретар А. Блинкен, секретарот за одбрана Л. Остин и председателот на Здружениот штаб М. Мили, но и голем број шефови на оддели и познати американски личности“, се вели во соопштението.

Според објавените информации, на руската листа за санкции се вкупно 13 американски претставници.

Претходно, во соопштение објавено на веб-страницата на американското Министерство за финансии денеска беше објавено дека новиот пакет на санкции ќе бидат вклучуени руски судија, но и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Денес, Канцеларијата за контрола на странски имот на Министерството за финансии на САД стави четири поединци и еден ентитет на списокот со санкции во согласност со Законот за владеење на правото од 2012 година“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Share
Scroll to Top