Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“

пред 2 години

Скоро 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското министерство соопшти дека 694 борци на украинската армија и баталјонот „Азов“ се предале во изминатите 24 часа.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Оттаму додаваат дека досега се предале вкупно 959 лица, од кои 265 ја напуштиле челичарницата при првите евакуации во понеделникот. Оние кои ќе ја напуштат фабриката се носат на територија под руска контрола. Украинските власти се уште не ги дале најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката за челик во Мариупол.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. „Нашите воени и разузнавачки претставници надгледуваат. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски.

Русија и Украина споменуваат договор според кој војниците би можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни. Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на заробеници и, доколку е така, под кои услови?

Кремљ соопшти дека заробениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.

Share
Scroll to Top