Русија ги стави нуклеарните сили во борбена готовност

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана објави дека нејзините стратешки ракетни сили и северната и пацифичката флота се ставени во состојба на борбена готовност, пренесе агенцијата Интерфакс.

Се додава дека тоа е во согласност со наредбата на претседателот Владимир Путин.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу му рекол на Путин дека „смените на командните пунктови на стратешките ракетни сили, северната и пацифичката флота и командата за авијација со долг дострел почнале да вршат борбени задачи со засилен персонал“, пренесе Интерфакс.

Владимир Путин вчера најави дека ќе ги стави во состојба на готовност руските нуклеарни сили, поради, како што рече, заканите што Русија ги добива од земјите на НАТО.

Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека Путин таа изјава ја дал поради изјавите на британската министерка за одбрана Лиз Трас.

Share
Scroll to Top