Русија го напаѓа Киев од белорускиот аеродром Гомел

пред 3 години

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека Русија го користи аеродромот Гомел во Белорусија за да ги подготви своите војници за нападот на Киев, иако тие го контролираат аеродромот во близина на главниот град на Украина.

Според оваа изјава, руските војници напредуваат кон Киев од неколку правци, додека украинските сили се борат околу Мариупол на југ и Харков на североистокот на земјата, пренесува Ројтерс.

Украинската армија предупреди и дека цел на руските напади се повеќе се цивилни објекти.

Share
Scroll to Top