Русија: Западните санкции само ќе го обединат руското општество

пред 2 години

„Глупаво е да се верува дека западните санкции против руски компании и бизнисмени би можеле да имаат какво било влијание врз владата во Москва“, изјави денеска поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

„Санкциите само ќе го обединат руското општество, а нема да предизвикаат народно незадоволство кај владата“, рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА Новости, пренесува Ројтерс.

Западот воведе неколку пакети санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина, а некои од нив се особено насочени кон руски бизнисмени милијардери, за кои се верува дека се блиски до претседателот Владимир Путин, наведува британската агенција.

Share
Scroll to Top