Русија, Иран и Турција го осудија нападот врз лидерот на Хамас: „Тоа ќе доведе до нова ескалација на тензиите“

Русија, Иран и Турција го осудија нападот врз лидерот на Хамас: „Тоа ќе доведе до нова ескалација на тензиите“

пред 5 месеци

Русија, Иран и Турција го осудија убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије во Газа, нарекувајќи го неприфатливо политичко убиство што може да ја прошири војната на регионално ниво.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека убиството на политичкиот лидер на Хамас е целосно неприфатливо политичко убиство, пренесе новинската агенција РИА, цитирајќи го рускиот заменик министер за надворешни работи.

Ставот на Русија е дека тоа само ќе доведе до понатамошна ескалација на тензиите.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канаани изјави дека „крвта (на убиениот лидер на Хамас) не е залудно пролеана“.

„Мачеништвото на Исмаил Ханије во Техеран само ќе ги зајакне длабоките и нераскинливи врски меѓу Техеран, Палестина и отпорот“, рече Канаани, според иранските државни медиуми.

Турција го осуди убиството на Ханије, близок до претседателот Реџеп Таип Ердоган, во соопштение од Министерството за надворешни работи.

„Го осудуваме убиството на шефот на политичката канцеларија на Хамас, Исмаил Ханије, во одвратен чин во Техеран“, пишува Министерството, оценувајќи дека „овој напад има и за цел да ја прошири војната во Газа во регионална димензија“.

Турското министерство исто така соопшти дека нападот покажува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема намера да постигне мир.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас остро го осуди убиството. Палестинските фракции повикаа на генерален штрајк и масовни демонстрации по убиството на Ханије.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, е убиен денеска во Иран, објавија во одвоени соопштенија палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда.

Текстот Русија, Иран и Турција го осудија нападот врз лидерот на Хамас: „Тоа ќе доведе до нова ескалација на тензиите“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top