Русија: Немаме доволно вакцини за сите кои сакаат да купат

пред 4 години

Официјална Москва не остана должна на никого за барањата за купување вакцини, но во моментов нема капацитет да ги прифати сите барања, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков го коментираше барањето на претседателот на Чешка, Милош Земан, од Русија да купи вакцини „Спутник В“, пренесе агенцијата „Тасс“.

„Русија внимателно реагира на секое барање и се обидува да обезбеди што е можно повеќе вакцини за земјите кои се соочуваат со недостаток на дози. Имаме премногу барања, а нашите производствени капацитети не се доволно големи за да ги прифатиме сите барања“, објасни Песков.

Share
Scroll to Top