Русија не добила никакви планови од САД за решение во Украина, вели Захарова

Русија не добила никакви планови од САД за решение во Украина, вели Захарова

пред 1 час

Русија не добила никакви планови од Соединетите Американски Држави за решение во Украина, изјави денес портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува Танјуг.

„Во моментов, во медиумите протекуваат многу информации: дискусии, точки, планови. Некои статии зборуваат за еден број точки, други за друг. Официјално, руската страна, Министерството за надворешни работи, кое е канал за комуникација со Соединетите Американски Држави, не добило никакви предлози или планови – апсолутно ништо за ова прашање. Ние сме отворени за дијалог“, рече таа, пренесува РИА Новости.

Порталот „Аксиос“ објави дека САД спроведуваат тајни консултации со Русија за развој на мировен договор кој се состои од 28 точки поделени во четири категории: мир, гаранции за Украина врз основа на моделот на Член 5 од НАТО, безбедност во Европа и идните односи на страните со САД, а ги објави и сите 28 точки од Мировниот план.

Еден ден претходно, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, појасни дека Вашингтон води разговори со двете земји. Според „NBC“, во креирањето на документот учествувале специјалниот пратеник Стив Виткоф, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Фото: принтскрин

Текстот Русија не добила никакви планови од САД за решение во Украина, вели Захарова е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top