Русија: Ние немаме хемиско оружје

пред 3 години

Руската амбасада во Вашингтон го отфрли како неосновани тезите на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс за можноста за руска употреба на хемиско оружје во Украина како неосновани, објави агенцијата ТАСС.

„Портпаролот на Стејт департментот рече дека нашата земја би можела да го користи хемиско оружје во светло на наводната неуспешна воена операција во Украина. Прајс повторно со празна реторика без да ја поткрепи со ниту еден доказ“, велат од амбасадата.

Руските дипломати во Америка тврдат дека руските вооружени сили немаат и не можат да имаат било какво хемиско оружје, бидејќи Русија го елиминира целото свое хемиско оружје во 2017 година.

Share
Scroll to Top