Русија објави прекин на огнот во опколениот Мариупол

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана објави прекин на огнот во украинскиот пристанишен град Мариупол за да се овозможи евакуација на цивили.

„ За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме да се спроведе со директно учество на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, се вели во соопштението на Министерството.

Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје, преку пристанишниот град Бердјанск, контролиран од Русија, ќе биде отворен во 10 часот по локално време.

Украина не ја коментираше објавата.

Share
Scroll to Top