Русија објави прекин на огнот за цивилите во фабриката Азовстал во Мариупол

пред 3 години

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните војници ќе ги прекинат воените дејствија за да им дозволат на цивилите да ја напуштат фабриката за челик Азовстал во опколениот украински град Мариупол.

Руските трупи „еднострано ќе прекинат со какви било непријателства, ќе ги повлечат единиците на безбедно растојание и ќе обезбедат повлекување на цивилите“ од 14 часот по московско време (12 часот по средноевропско време) на 25 април 2022 година, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

„Вооружените сили на Русија и формирањето на Народна Република Доњецк од 14:00 часот (по московско време) на 25 април 2022 година, еднострано ги прекинуваат сите непријателства, единиците се движат на безбедно растојание и обезбедуваат повлекување на оваа категорија граѓани во сите насоките што тие ги избираат“, рече шефот на Националниот центар за управување со одбраната Михаил Мизинцев.

Тој посочи дека Руската Федерација ја потврдува можноста за излез на цивили (работен персонал, жени и деца) преку хуманитарниот коридор, пренесува Интерфакс Украина. „Доколку цивилите се уште се во металуршкиот комбинат, тогаш категорично бараме властите во Киев веднаш да издадат соодветна наредба до командантите на националистичките формации да ги ослободат“, рече Мизинцев.

Минатата недела Русија објави дека цивилите и украинските борци би можеле да ја напуштат фабриката Азовстал. под услов украинските сили „да кренат бели знамиња“.

Share
Scroll to Top