Русија призна дека има значителни загуби

пред 2 години

Кир Џилс, висок советник во тинк-тенкот Четам Хаус, ги коментираше за Sky News изјавите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој во вчерашното интервју призна дека имало „значителна загуба“ на руски војници по инвазијата на Украина.

„Во еден момент тој призна дека има значителни жртви на руската страна и тоа е голема промена во наративот на руската држава. Тоа е нешто што не сме го слушнале од Русија ниту во пораките до светот, ниту во обраќањето до сопствениот народ“, рече Џилс.

„Имаше уште еден момент каде, за прв пат во интервјуто, Песков остана без зборови кога новинар му кажа за можноста рускиот претседател Путин да биде суден за воени злосторства“, рече тој.

Share
Scroll to Top