Русија соопшти дека уништила воздушни бази, Украина дека соборила пет руски авиони

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја уништило воената инфраструктура во украинските воздушни бази и ја десеткувало воздушната одбрана на Украина, пренесоа руските новински агенции, а Украина објави дека е под постојани сајбер-напади од Русија.

„Противвоздушната одбрана на украинските вооружени сили е потисната“, ја цитира агенцијата „Интерфакс“ изјавата на Министерството.

„Воената инфраструктура на воздухопловните бази на украинските вооружени сили е ставена надвор од функција“.

Руското министерство ги демантираше информациите дека еден од нивните авиони бил соборен над Украина.

„Информациите во странските медиуми за наводното соборување на руски авион не се точни“.

Украинската армија претходно соопшти дека пет руски авиони и еден хеликоптер биле соборени над областа Луганск.

Според украински извори, земјата во четвртокот била изложена на постојани сајбер-напади од Русија.

Share
Scroll to Top