Проруските сепаратисти во источна Украина напреднаа до административните граници на регионот Луганск, една од главните области над кои Русија бара контрола од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари, објави денеска ДПА, повикувајќи се на руски извори.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Градот Попасна, за кој се водеа тешки борби, сега е „исчистен“ од украинските сили, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Гувернерот на Луганск Серхи Хаидаи ги опиша тврдењата на Русија како „фантазија“.
„Украинските сили мораа да се повлечат од Попасна, но Русите не ја пробија нашата одбрана“, напиша тој на Телеграм.
Покрај источна Украина, Русија го напаѓа и југот на земјата, особено пристаништата Мариупол и Одеса. Двата града се од стратешко значење бидејќи се наоѓаат на рутата меѓу Истокот и Крим, која Русија ја присвои во 2014 година, анализираат медиумите.
Во последните 24 часа има информации за засилени напади на Одеса, а Мариупол се уште е под постојано бомбардирање. Во фабриката за челик Азовстал се уште има цивили и украински војници.
Украина тврди дека вратила некои окупирани области, вклучително и села околу Харков, објави Ројтерс.