Русија тестира систем за откривање на британскиот вид коронавирус

пред 4 години

Систем за откривање на британскиот вид коронавирус се тестира во Русија, објави Службата за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“.

„Тестираме ПСР-тест кој е способен да го открие новиот коронавирус и да го разликува од оној што го знаеме од минатата година, а кој претежно циркулира во Русија“, рече раководителката на ресорот, Ана Попова.

Таа додаде дека имунитетот од коронавирусот што лицето го добива по болеста, исто така, може да заштити и од британскиот“ вид Ковид-19.

Попова изјави дека веќе била запознаена со резултатите што даваат оптимизам.

Вчера беше објавено дека научниците од Новосибирскиот научен институт „Вектор“ први во светот го фотографираа британскиот вид коронавирус, добиен од пациент во декември 2020 година.

Share
Scroll to Top