Украинските војници држат во заложништво над 90.000 луѓе во станбени области и во просториите на над десет компании во градовите Краматорск и Славјанск, изјави денеска Михаил Мизинцев, шеф на рускиот центар за управување со националната одбрана.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Вкупно, повеќе од 90.000 цивили беа заробени од националистите, кои се кријат зад нив како жив штит, во станбени области или во просториите на повеќе од десет големи индустриски компании во Краматорск и Славјанск“, рече Мизинчев, пренесува ТАС С.
Рускиот генерал тврди дека украинските сили брутално ги потиснуваат обидите на цивилите да се евакуираат во безбедни области, или во Русија или на територијата контролирана од Киев.