Русија утрово ја нападна Украина, ова се клучните настани

пред 2 години

Руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина во четвртокот и истоварија трупи на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот, објави британската новинска агенција „Ројтерс“.

Набргу откако Путин се обрати на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеле да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.

Советот за безбедност на ОН свика итен состанок.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг остро го осуди рускиот, како што рече, непромислен и неиспровоциран напад врз Украина и рече дека сојузниците на НАТО ќе се состанат за да ги решат последиците од агресивните дејствија на Москва.

Клучни настани досега:

– Русија ја нападна Украина рано наутро, Путин одобри специјална воена операција
– Путин рече дека неговата цел е да ја демилитаризира Украина
– Руските сили ја нападнаа Украина од Белорусија, како и од Русија со белоруска поддршка околу 5 часот наутро по локално време
– Сепаратистите поддржани од Русија во украински Донецк извршија големи напади врз украинските сили долж линијата на контакт
– Украинскиот министер за одбрана изјави дека непријателот започнал интензивно гранатирање на украинските единици на истокот
– Украина прогласи воена состојба
– Свикана е итна седница на Советот за безбедност на ОН

Share
Scroll to Top