Руското Министерство за здравство ја регистрираше за употреба верзијата на вакцината против Ковид-19 „спутник-лајт“, која се дава во една доза, објави денеска ТАС С.
Русија минатата недела објави дека завршила со клиничките испитувања на вакцината, што може да биде привремено решение за земјите со голема стапка на инфекција, објави „Ројтерс“.
Москва соопшти дека нејзината вакцина „спутник В“, која се дава во две дози, ќе остане главната верзија што се користи во Русија.